
Анчелоти: Ова е една од кошмарните ноќи – бевме грозни!
Реал Мадрид доживеа пораз во Жирона со 2-4, меч на кој блесна Валентин Кастељанос со четири гола и е прв по Роберт Левандовски и цела деценија кој успеал да му даде четири гола на еден меч на „кралскиот клуб“.
„Ова боли, ама мора да се вратиме што побрзо. Ова е една од најлошите ноќи, кошмарна, многу тешка… И сите се виновни, сите беа лоши. Сите одиграа под нивото. Дефанзивно бевме грозни, нервозни, не добивавме дуели… Ова што видовте не беше тим и им се извинувам на навивачите. Ова не е тимска игра. Кога играме тимски можеме секого да победиме, ако не играме така – се случува ова“, рече Анчелоти.

