
Анчелоти откри каков подарок добил од Клоп пред финалето од ЛШ
Пред финалето од минатата сезона, Клоп откри дека му дал подарок на Карло Анчелоти. Англиските новинари сега имаа шанса да го видат италијанскиот стратег па љубопитно го прашаа што добил од тренерот на Ливерпул.
„Тоа беше електрична цигара“, откри Анчелоти.
„Клоп е многу добар човек. Бевме заедно во Ливерпул за време на пандемијата и си пишувавме еден со друг и си праќавме подароци“.
Анчелоти го испофали можеби својот најголем адут во овој период. Винисиус Жуниор. Беше прашан дали Винисиус во моментов е играчот кој му дава нешто екстра на Реал Мадрид.
„Да, апсолутно. Тој секогаш е одлучувачки и неуморлив фудбалер. Среќни сме бидејќи кога ќе помислите дека го достигнал врвот, тој некако ќе успее да направи нешто повеќе од тоа“, рече италијанскиот стратег.