
Анчелоти не го пушти синот во Базел – му требал, а и прво да заврши за Про-лиценца
Како што објавија шпански медиуми, Базел сакал да го земе Давиде Анчелоти, но „дон Карло“ го запрел трансферот, прво со молба да му помогне во последните два месеци од сезонава, а второ зашто приоритет му поставил прво да ја заврши Про-лиценцата, а потоа да почне самостојна кариера.
„Давиде е пред крај за Про-лиценца на курсот во Велс и ќе заврши во мај, па потоа ќе може да тренира било кој клуб. Денот кога ќе почне самостојна кариера, мислам дека ќе дојде брзо, но не сега и не во Базел. Тука му е добро и сите сакавме да остане. А, мислам дека ќе биде добар кога ќе почне самостојно“, рече Карло.

