
Анчелоти: Не е лесно да победиш вака, ама ние никогаш не ја губиме самодовербата!
Очигледно е дека смиреноста и самодовербата во Реал Мадрид се толку големи, што „кралевите“ можат са се справат со секоја ситуација, а тоа и „Дон Карло“ го посочи после големата победа со која широко е отворена вратата кон четвртфиналето. Иако, преупредува дека реваншот не е само чиста формалност и ќе мора да се одработи на ниво.
„Не е лесно да победите вака, особено кога ќе видите како почнал мечот, ама ние никогаш не ја губиме главата. Никогаш не ја губиме самодовербата и смиреноста, па малку по малку ја освоивме топката, а потоа бевме ефективни кон голот. Винисиус беше неверојатен вечерва. Но, ова е само прв дел, отиде на наша страна, но мора да замислиме дека нѐ чека реванш и дека таму пак нѐ чека страдање и напорна работа“, вели Анчелоти.
Тој посочи дека Ливерпул е извонреден тим и дека не тргнале како што посакувале, ама…
„Очигледно е дека немавме старт како што сакаме, но на 0-2 си помислив на ланскиот меч со Манчестер сити и дека можеме да се вратиме. А, излезе уште подобро. Ни правеа многу проблеми во одбраната, но ние бевме подобри во нападот, после тоа Валверде го кренав понапред, ја зацврстивме одбраната… Ливерпул е голем тим, кој нѐ натера да страдаме во првиот дел, затоа велам – овој двомеч не е завршен. Нема шанси да мислиме дека сме веќе во четртфинале“, додаде Анчелоти.