
Јанакиевски влезе во затвор – „Под седативи сум“, рече напуштајќи го домот
Некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска влезе во затворот Идризово.
Имено, тој е осуден за „Титаник“.
Јанакиевски вели дека по тоа што се случувало претходно, не се чувствува безбедно, но се ќе издржи само фамилијата да му е здрава и жива.
Но, каква е неговата здравствена состојба?
Тој денеска напуштајќи го домот со торбици истакна дека е под седативи.
