
AНА БРНАБИЌ: Планираа Мајдан во Белград, тоа нема да успее
Српската премиерка Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата вели дека тоа е Мајдан во Белград и нема да успее.
Кажа дека во текот на целата кампања опозицијата создавала атмосфера за паника и насилство по изборите.
„Беше сосема јасно дека опозицијата тоа го подготвуваше во текот на целата кампања. Не презентираа никаков план, нивната кампања се фокусираше само на омразата кон Вучиќ. Планираа Мајдан во Белград, со револуција да дојдат на власт – тоа нема да успее“, кажа премиерката за Пинк.
Опозицијата тврди дека изборите се украдени. Реакција имаше и од европските земји.