
Анѓелковиќ: Целта на Приштина е Србија да ја претстави како Русија, а себеси како Украина
Од српска страна има тврдења дека Косово сака да создаде конфликт со Србија.
„Приштина преку разни провокации ќе се обиде да предизвика конфликти на територијата на Косово и Метохија“, изјави поранешниот претседател на Извршниот совет на Косово, Зоран Анѓелковиќ.
За новинската агенција „Танјуг“ изјави дека „целта на Приштина е Србија да ја претстави како Русија, а себеси како Украина“. Кажа дека единствениот начин косовскиот премиер Албин Курти да избега од прифаќањето на француско-германскиот предлог и бриселскиот договор е ескалација на конфликтот. Според него, формирањето на Заедницата на српските општини е ултиматум што Приштина мора да го прифати.
„Потребно е инцидентите да се претворат во конфликт или инцидентите да се претворат во 2004 година, кога на Косово се случи етичко чистење, што српската армија и претседателот на републиката не би го дозволиле“, рече Анѓелковиќ.
Косово со години одбива да ја формира Заедницата на српски општини.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Белград е секогаш спремен за разговори со Приштина. Но, додаде дека Заедницата на српски општини (ЗСО) мора да биде формирана и дека овој пат тоа е заеднички став на Србија и на Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД).