АМПУТИРАНА НОГАТА НА 18-ГОДИШНО МОМЧЕ: Последни информации за повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад
Не стивнува тагата
во целиот регион по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад во
која загинаа 16 луѓе.
Ископувањето и отстранувањето на урнатините траеше со часови, а во Србија поради
оваа трагедија е прогласен Ден на жалост.
Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Институтот за итна
медицина, десет нивни екипи интервенирале, на местото на трагедијата на
Железничката станица во Нови Сад.
Нивните екипи превезоа три повредени лица, 18-годишен момче, на кое му била ампутирана ногата, и
две жени, едната без свест, а
другата интубирана.
фото: EPA-EFE/MARKO KAROVIC