Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Американскиот претседател Џо Бајден ја покани косовската претседателка Вјоса Османи да учествува на вториот Самит за демократија
Македонија

Американскиот претседател Џо Бајден ја покани косовската претседателка Вјоса Османи да учествува на вториот Самит за демократија

01/03/2023

AA

Американскиот претседател Џо Бајден ја покани косовската претседателка Вјоса Османи да учествува на вториот Самит за демократија на крајот на март, соопшти нејзиниот кабинет.

Османи ќе зборува заедно со шефовите на држави, а ќе биде меѓу десетте лидери кои ќе бидат клучни говорници на пленарната седница за улогата на демократијата во создавањето стабилни институции, стои во поканата.

Самитот за демократија е иницијатива на Белата куќа, започната со цел да се истакне успехот на демократијата за доброто на граѓаните и соочувањето со најтешките предизвици во светот.

На 9 декември 2021 година, Османи го претставуваше Косово на првиот Самит за демократија, платформа која ги обедини земјите ширум светот во напорите за консолидирање на демократските вредности и нивно дополнително промовирање и зајакнување.

Анализите на меѓународните организации покажаа дека Косово минатата година постигна „значителни успеси“ во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против корупцијата, борбата против авторитаризмот и подобрувањето на човековите права, различноста и инклузивноста, со фокус на подобрување на правата на жените и родовата еднаквост, се наведува во поканата на Бајден.

Се додава дека поради овој успех Белата куќа ја избрала претседателката на Косово да ја предводи тематската група за владеење на правото на самитот, на кој ќе учествуваат повеќе од 100 земји.

Заедно со САД, на 29 и 30 март домаќини на вториот Самит на демократијата ќе бидат владите на Костарика, Холандија, Јужна Кореја и Замбија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Експанзија на странска работна сила во Македонија: Бројот на странци

12/01/2026
Македонија

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ ДОБИВААТ НОВА МОЖНОСТ Почнаа стручните испити

12/01/2026
Македонија

Со нож ја избодел сопствената мајка во глава – приведен

12/01/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се фокусира на своите криминални шеми и

12/01/2026
Македонија

„ОВА Е НАШИОТ ЛЕБ, А СЕГА Е ЕЗЕРО“: Очај во

12/01/2026
Македонија

РАЗОЧАРУВАЧКИ Е ПАРТИЈА ВОДЕНА ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР ДА КОРИСТИ НЕПРИМЕРЕН

12/01/2026
Македонија

Славески: Инфлацијата во декември ќе беше 0% ако не беа

12/01/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Членките на Судскиот совет ги избрав според стручноста и

12/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40075
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy