Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Американскиот претседател ќе стави вето на нацрт-законот за помош на Израел доколку тој не ја вклучи Украина
Македонија

Американскиот претседател ќе стави вето на нацрт-законот за помош на Израел доколку тој не ја вклучи Украина

01/11/2023

AA

Американскиот претседател Џо Бајден ќе стави вето на нацрт-законот за помош на Израел, доколку Конгресот го одобри во сегашната форма без да ја спомене Украина, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата за буџет на Белата куќа.

Во октомври Белата куќа побара од Конгресот дополнителни средства за обезбедување помош на Украина и Израел, како и за спротивставување на Кина во азиско-пацифичкиот регион и за подобрување на безбедноста долж границата со Мексико. Администрацијата на Џо Бајден за овие цели побарала средства од редот од 106 милијарди долари.

Во понеделникот, републиканците во Претставничкиот дом воведоа предлог-закон кој нема поддршка за Украина и предлага финансирањето на помошта за Израел да доаѓа од кратењата на Службата за внатрешни приходи. Белата куќа го отфрли тој предлог.

И покрај барањето на администрацијата, нацрт-законот не предвидува никаква помош за Украина, истакна Канцеларијата за буџет на Белата куќа, истакнувајќи дека ако Украина не биде поддржана, тоа ќе испрати многу лош сигнал до Русија и остатокот од светот за решителноста на Вашингтон .

Белата куќа посочи дека републиканците ја политизираат поддршката на САД и „покажуваат поинаков пристап кон сојузниците“ На Израел му е понудена помош од 14,3 милијарди долари.

„Овој предлог-закон е лош за Израел, за Блискиот Исток и за нашата национална безбедност“, се вели во соопштението на канцеларијата на Белата куќа, додавајќи дека претседателот Џо Бајден ќе стави вето на законот доколку му биде претставен овој вид.

Републиканците имаат мнозинство од 221-212 во Претставничкиот дом, а демократите го контролираат Сенатот со 51-49. За да може овој проект да стане закон, тој мора да помине во двата дома на Конгресот и да биде потпишан од претседателот Бајден, забележува Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ 

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
Македонија

Две компании кои вршеле ископување кај изворите Шум, предизвикале загадување

19/02/2026
Македонија

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал

19/02/2026
Македонија

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031

19/02/2026
Македонија

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
Македонија

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41675
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy