
Американски TikToker дојде во Белград и ги налути сите со своето видео: „Човеку, ова не е Никола Тесла“ (ВИДЕО)
Американецот Јустус Рид стана вирален на Балканот поради изведбата на различни музички песни на српски јазик.
По пристигнувањето во главниот град на Србија, Јустус изјави дека по 25 часа патување и менување три авиони, конечно пристигнал пред „споменикот на Никола Тесла“.
„Никола Тесла изгледа малку поинаку отколку што се сеќавам“, рече Јустус. Меѓутоа, Американецот бил пред споменикот на принцот Михаил.
Ова видео предизвика лавина од коментари. Многумина му препорачаа на младиот Американец да го посети музејот Никола Тесла, каде што може детално да се запознае со работата на српскиот научник. Некои од коментарите беа „Човеку, ова не е Никола Тесла“, „Ова е принцот Михаило“, „Посетете го музејот на Никола Тесла“, „Посетете го Нови Сад“ и многу други.
Фото: Принтскрин/ТикТок