Американски спортист пронајден мртов на ранч на неговата мајка
Телото на поранешниот американски спортист било пронајдено на имотот, а неговата смрт ја потврди пријателот Боби Мејс.
„Мојот пријател од детството и мојот брат Вонте Дејвис нека почива во мир. Не можам со зборови да опишам како се чувствувам“, напиша Меј.
Дејвис беше избран како 25. пик на првата рунда на драфтот во 2009 година, а во следните 10 сезони играше во НФЛ-лигата.