
Американската војска соопшти дека погодила ракета на Хутите во Јемен
Американската воена команда во петокот соопшти дека нејзините војници погодиле ракета земја-воздух што се подготвувала да биде лансирана од Хутите во Јемен, поддржани од Иран, објави Ројтерс.
Централната команда на САД на социјалната мрежа Х објави дека претходно во петокот Хутите лансирале противбродска балистичка ракета од Јемен во Црвеното Море.