Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Американската војска соопшти дека кинески борбен авион дошол на три метри од американски бомбардер Б-52 над Јужното Кинеско Море
Македонија

Американската војска соопшти дека кинески борбен авион дошол на три метри од американски бомбардер Б-52 над Јужното Кинеско Море

27/10/2023

AA

Кинески борбен авион дошол на три метри од американски бомбардер Б-52 над Јужното Кинеско Море, што за малку ќе предизвикало несреќа, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на американската војска. Изјавата на војската ја нагласува реалната можност за несреќа во услови на борба на двете земји за влијание во регионот, наведува агенцијата.

За време на ноќното пресретнување, кинески борбен авион со два мотори Шенјанг Жаи-11 се приближи до авион на американското воено воздухопловство со „неконтролирана брзина, поминувајќи под, пред и на три метри од бомбардерот Б-52, што претставува ризик од судир на двата авиони“, соопшти американската Индо-пацифичка команда. „Загрижени сме што овој пилот не знаеше колку блиску е до несреќа“, соопшти американската војска.

Кинеското Министерство за надворешни работи сè уште не одговорило на барањето на АП за коментар. Агенцијата потсетува дека во сличен инцидент во мај, кинеската влада ги отфрли американските приговори и побара од Вашингтон да престане да врши такви летови над Јужното Кинеско Море.

Кина станува се понаметлива во тврдењето на своите претензии кон поголемиот дел од Јужното Кинеско Море како нејзини територијални води. САД и другите земји кои го користат огромниот океански простор за превоз не ја прифаќаат оваа позиција.

Тврдењата на Кина доведоа до долготрајни територијални спорови со другите земји кои се граничат со Јужното Кинеско Море, една од главните светски трговски патишта. Минатата недела, брод на кинеската крајбрежна стража и еден од бродовите на кинеската поморска милиција се судрија со брод на филипинската крајбрежна стража и брод за воени набавки, соодветно, кај спорниот атол.

САД и нивните сојузници редовно спроведуваат воени вежби во Јужното Кинеско Море, а авиони редовно летаат над областа, со порака дека воздухот и водата таму се меѓународни, посочува АП.

Американскиот бомбардер Б-52 вршел „рутинска законска операција во меѓународниот воздушен простор над Јужното Кинеско Море“ кога во вторникот бил пресретнат од кинески борбен авион „Шенјанг жаи-11“, соопшти американската војска. Пресретнувањата се вообичаени, со повеќе од 180 пресретнувања пријавени од есента 2021 година, според американската страна, иако не е вообичаено авионите да поминуваат едни со други на толку кратко растојание. АП смета дека растечката тензија меѓу Пекинг и Вашингтон ќе ескалира во случај на судир на авиони од двете земји.

Американската војска соопшти дека инцидентот нема да го промени нејзиниот пристап во регионот. „САД ќе продолжат да летаат, пловат и да оперираат – безбедно и одговорно – до степен до кој дозволува меѓународното право“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy