
Американка киднапирана пред 25 години пронајдена жива во Мексико
Американката Андреа Мишел Рејес, која била киднапирана во Конектикат кога била мала, била пронајдена жива 25 години подоцна во Мексико, објави денеска Гардијан.
Рејес имала две години кога нејзината мајка, Роза Тенорио, ја зела во октомври 1999 година, според соопштението на полицијата во Њу Хевен.
Тенорио немала законско старателство над Рејес, чиј старател бил нејзиниот татко, соопшти полицијата.