![Амбасадорката Агелер му даде водич на Џафери „како да се направи нација“](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/screenshot_7-1-850x560.webp)
Амбасадорката Агелер му даде водич на Џафери „како да се направи нација“
Премиерот Талат Џафери оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер. Џафери ја истакнал посветеноста на Владата кон стратешкото партнерство на Македонија со САД и нагласил дека и на новата функција ќе продолжи да биде силен промотор на таа соработка.
Амбасадорката Агелер потенцираше дека изборот на премиерот Џафери испраќа силна порака дека, како и во Соединетите Американски Држави, така и во Македонија, диверзитетот и почитувањето на неговото богато културно наследство ја прават земјата уште посилна.
Таа на новиот премиер му подари и водич со наслов: „Како да се направи нација“.