Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Амбасадата на САД се дистанцира од договорот со Бехтел и Енка
Економија

Амбасадата на САД се дистанцира од договорот со Бехтел и Енка

20/04/2023

AA

Амбасадата на САД тврди дека нема нејзина вмешаност во постигнувањето на договорот помеѓу Владата и турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д. Во одговор до телевизијата „Алфа“, од амбасадата велат дека „Бехтел“ не е ентитет на американската влада и дека тие не се дел ниту од преговорите, ниту имаат некаква улога во условите од договорот.

„’Бехтел’ не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата. Амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор. Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни“, велат од амбасадата за „Алфа“.

„Бехтел“ инаку е најголемата американска градежна компанија, а на церемонијата за поставување камен-темелник на делницата од Коридорот 8, присутна беше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над

22/07/2026
Македонија

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии

22/07/2026
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над 100 дрвја, штетите се огромни

22/07/2026

Кризниот штаб на Општина Куманово одржа итна седница по силното невреме кое вчера го зафати градот и околината. Сите општински

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии за пријавување на штетите

22/07/2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем економски развој

22/07/2026

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска официјално отвори своја оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Со отворањето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy