
Амар Мециновиќ кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица
На денешната прес-конференција, Димитар Апасиев, претседателот на Левица го соопшти на јавноста кандидатот за градоначалник за Град Скопје од партијата Левица.
Кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица е Амар Мециновиќ досегашниот пратеник и потпарол на партијата.
Амар Мециновиќ е актуелен пратеник во Собранието и е еден од најактивните говорници во пленарната сала. Јавно е познат по своите настапи во кои остро се залага за јавниот интерес, особено за работничките права и младинските политики.
Претходно, Мециновиќ беше член на Советот на Град Скопје, каде јавноста го запозна преку иницијативите за подобрување на јавниот превоз, унапредување на инфраструктурата и промовирање на транспарентност во работењето на локалната власт.