
Алварез го однесе Атлетико Мадрид на врвот во Ла Лига! (ВИДЕО)
Тимот на Симеоне го искористи поразот на Реал Мадрид и искочи на табелата над кралскиот клуб. Во моментов се на првото место, а дали ќе останат таму ќе зависи од Барселона која утре игра против Реал Сосиедад.
Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао одиграа изедначен натпревар со шанси и на двете страни, а една од нив искористија домаќините.
Алварез во игра влезе во 59. минута, а седум минути подоцна даде гол за 1-0 кој значеше победа на Атлетико Мадрид.
Гостите од Билбао имаа неколку големи шанси за израмнување, погодуваа пречки и стативи, но не и мрежата на Облак.
Атлетико Мадрид има 56 бодови, Барселона и Реал Мадрид по 54 со тоа што каталонскиот тим има еден меч помалку.