Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алтернатива: Откривањето на тунелот е резултaт на ангажманот на Шпенд Тахири, да се каже дека е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно
Македонија

Алтернатива: Откривањето на тунелот е резултaт на ангажманот на Шпенд Тахири, да се каже дека е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно

22/03/2023

AA

Од Алтернатива реагираат дека сегавеќе поранешниот директор на КДП Идризово, Шпенд Тахири е протагонист на откривањето на фамозното бегство од затворот.

Тие велат дека вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање на еден тунел кој бил ископан долго време за бегство на затворениците, е токму резултат на ангажманот на директорот на АлтернАтивА таму, Шпенд Тахири.

„Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа.

За жал, повеќе благодарни за неговата работа се нашите меѓународни пријатели отколку нашите државни институции. Како и да е, токму благодарение на совесното менаџирање на затворската институција од страна на Шпенд Таири беа откриени, фатени и санкционирани безброј обиди за бегства и внесување на наркотични средства во затворскиот круг, вклучително и овој последниот, кој е круна на неговиот успех.

Всушност, ова акција во Идризово се подготвувал подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово. За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака да придобие од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална совест во институција која можеби е најтешка за менаџирање во државата.

За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што бил кадар на АлтернАтивА. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики.

Но, сакаме да потсетиме дека Шпенд не е виновен што овие две партии ги уживаат последните денови на својата власт и ова состојба на паника ги тера да реагираат на штета на државните интереси. Веќе видено очајно сценарио на политички губитници“, велат од Алтернатива.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy