
Алпинистот Сашко Кедев освои уште еден од 10-те највисоки врвови во светот
Десетмина планинари, меѓу кои и македонскиот најистакнат алпинист, д-р Сашко Кедев, утрово по локално време се искачија на врвот Нанга Парбат (8.125 м.) на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“.
Се работи за една од најтехничките и најтешките планини во светот.
Порталот пишува дека во 10:40 часот по локално време, тим од петмина алпинисти од повеќе земји, како и петмина непалски шерпаси, успешно се искачиле на врвот, кој пак е деветтиот највисок во светот.
По овој врв, Кедев со истиот тим ќе се искачи и на GI и GII (Гашербрум 1 и 2), два други врва во Пакистан повисоки од 8.000 метри, а по ова, ќе учествуваат и во експедицијата на К2 (8.611 м.) – вториот врв по височина во светот.