
Аломеровиќ уште две сезони верен на Работнички
Левиот бек, Дин Аломеровиќ (25), ќе остане со „романтичарите“ и тоа во следните две сезони, според денешната обнова на неговиот договор.
Тој е стандарден првотимец на Работнички, кој во минатава сезона одигра 28 меча и направи три асистенции. Работнички вчера ја продолжи соработката со поранешниот младински репрезентативец, Кире Маркоски, па Аломеровиќ е вториот кој останува.
За очекување е клубот дополнително да се засилува, особено што пролетва стигна најава за нови сопственици, турската групација Џевахир, се чека само официјализација.
