
„Алкохолот и воланот не одат во двојка“ – Полицијата со апел до граѓаните!
Денеска (14.02.2026) на наплатна станица Петровец на автопатот Скопје-Велес, во рамки на одбележување на празниците Свети Трифун и Свети Валентин, Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП реализираа превентивно-едукативна кампања „Алкохолот и воланот нe одат во двојка“.
Целта на активниста е поттикнување на свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и прописите во сообраќајот.
На возачите им беше поделен едукативен материјал со напомени да не управуваат возила доколку пијат алкохол.
Возачите беа информирани и за штетните последици кои можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол, односно дека санкциониран ќе биде секој возач кој консумирал алкохол и притоа управува возило.

