
Алкараз: Не се плашиме повеќе од Ѓоковиќ
Тој тврди дека помладата генерација се помалку се плашат од првиот светски рекет иако не успеваат да го симнат од првото место на АТП листата.
„Јас, Синер и Руне веќе го победувавме и мислам дека полека, на добар начин, ја губиме стравопочитта кон него и се осудуваме да го победиме на големите натпревари. Ќе се обидеме тоа да го правиме што почесто, но се додека тој игра на високо ниво, работите ќе бидат комплицирани и ќе го гледаме како еден од најдобрите“, изјави Алкараз.
Шпанецот доби нешто потешка ждрепка на турнирот во Индијан Велс, но ќе се обиде да ја одбрани титулата на првиот Мастерс во сезоната.
