Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 268,3 милиони евра, извоз од 183,9 милиони евра и со инвестиции од 28,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2023 година
Економија

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 268,3 милиони евра, извоз од 183,9 милиони евра и со инвестиции од 28,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2023 година

28/02/2024

AA

Приходи од продажби

Според
единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година
продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16 отсто повеќе во
споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби,
пак, достигнуваат 16.512.977.886 денари, што е за 16 отсто повеќе во споредба
со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните
продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 13 отсто, а вкупниот
консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 17 отсто. Од вкупните
консолидирани продажби 31 отсто се остварени на домашниот пазар, додека, пак,
69 отсто се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите
од Југоисточна Европа се остварени 29 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и
ЕФТА) се остварени 22 отсто, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се
остварени 17 отсто, а на другите пазари е остварен 1отсто од вкупните
консолидирани продажби.

Најголем
пораст кај поголемите извозни пазари, во споредба минатата година, бележат
продажбите остварени во Канада, кои се зголемени за 62-пати; потоа во Италија,
каде што се зголемени за 35-пати; во Јужна Африка за 5-пати; во Чиле повеќе од
4-пати, како и во Чешка и во Велика Британија, каде што се зголемени за повеќе
од двапати. Потоа следуваат оние во Монголија (раст од 87 отсто), во Ерменија
(раст од 69 отсто), Романија (раст од 66 отсто), Албанија (раст од 33 отсто),
Украина (раст 26 отсто), во Бугарија (раст од 15 отсто), Хрватска (раст од 13 отсто),
Босна и Херцеговина (раст од 11 отсто), во Србија (раст од 9 отсто) итн.

Продажби според групи
производи

Гледано
според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби
најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 отсто. Од нив поголем удел имаат антибиотиците
со 27 отсто, препаратите ОТЦ со 19 отсто, невролошките препарати со 12 отсто,
кардиолошките препарати со 12 отсто од вкупните консолидирани продажби итн.
Сегментот хемија, козметика и билкарство
учествува со 10 отсто во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 отсто, козметика со 7 отсто, а билкарство учествува со 1 отсто.
Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација и козметика во
споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 18 отсто, а козметика раст од 10 отсто.

Инвестиции

Вкупните
инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2023 година
изнесуваат 1.741.561.257 денари и во споредба со остварените во истиот период
од 2022 година бележат раст од 18 отсто. Ваквото зголемување на инвестициите се
должи на најголемиот инвестициски проект на АЛКАЛОИД во последните 20 години –
новото производствено одделение за производство на цврсти форми 2 – со кој се
зголемуваат капацитетите за производство на цврсти форми за повеќе од двапати.

Резултати од работењето

Единечната
добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА),
која изнесува 2.572.485.548 денари, бележи зголемување од околу 8 отсто,
додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.520.546.813 денари и е
зголемена исто така за 8 отсто.

Консолидираната
добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА)
достигна 2.750.020.561 денари и бележи раст од 8 отсто, додека, пак,
консолидираната нето-добивка во износ од 1.576.864.006 денари е зголемена исто
така за 8 отсто.

При
извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од
1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот
јануари – декември 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 232 нови
вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД
Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен
одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 36.500
денари. Во декември 2023 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни
празници, одобри исплата на новогодишен надоместок за вработените во нето-износ
од 34.000 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.843 вработени, од кои 2.155 се во
земјава, а 688 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на
АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за
хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и
најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари –
декември 2023 година се движеше од 17.199,00 до 18.500,00 денари или просечно 17.781,93 денари за
една акција. На 31.12.2023 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во
сопственост на 5.487 акционери, физички и правни лица, a пазарната
капитализација на компанијата изнесуваше речиси 26 милијарди денари.

На 3 април
2023 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и
исплата на бруто-дивиденда за 2022 година, во износ од 701.363 илјади денари.
Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2023 година започна исплатата на
дивидендата во износ од 490 денари бруто, односно 441 денар нето за една
акција. Исплатената дивиденда по акција за 2022 година е поголема за 11,36отсто
во однос на исплатената дивиденда по акција за 2021 година.

Бизнис-план за 2024 година

Бизнис-планот
за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на
Седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10отсто
од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални
средства, раст од 10отсто на консолидираните продажби во однос на реализираните
во 2023 година, како и раст од 7отсто на консолидираниот профит пред
оданочување во однос на 2023 година.

Бизнис-планот
за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на
тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот
на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и
остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот
период

Трендот на
работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку
години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици
беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите
очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо
опаѓање. Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент
и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да
создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на
одредени материјали.

Очекуваме во
2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на
можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и
опреми и вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин
создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За
остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на
странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување
на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони

06/02/2026
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41100
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони и специјалци ја блокираше фабриката

06/02/2026

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на запад, попладне и на исток

06/02/2026

Метеоролозите најавуваат променливо облачно време утре, со врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Претпладне дожд се очекува во

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од големата акција во Скопје и

05/02/2026

Голема полициска акција за заплена на марихуана денеска се спроведува во Скопје и во струмичкиот регион, при што, според неофицијални

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy