Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ
Економија

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

25/04/2025

AA

Како носител на
првиот меѓународен патент за лек со додадена вредност – Омепразол во течна форма:
готов за употреба – „Алкалоид“ беше покровител на Првата меѓународна конференција
за современ пристап во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти, организирана
во Загреб, Хрватска.

Повеќе од 200 здравствени професионалци од областа
на педијатријата, гастроентерохепатологијата, нутриционизмот, експерти од фармацијата
и од фармакологијата, претставници на академската заедница, како и претставници
на „Алкалоид“ учествуваа на првиот глобален настан под покровителство на компанијата
посветен на најновите достигнувања во третманот на гастроезофагеалната рефлуксна
болест (ГЕРБ) кај доенчињата и кај малите деца. Настанот во фокусот го имаше првиот
патентиран течен Омепразол, иновација која носи значителни подобрувања во педијатрискиот
третман на ова често заболување.

Омепразолот ѝ припаѓа на групата инхибитори на протонска
пумпа и претставува терапија од прв избор при лекувањето на ГЕРБ, традиционално
достапен во форма на гастрорезистентни таблети, капсули или прашок за растворање,
што ја отежнува неговата примена кај доенчињата постари од еден месец, малите деца,
кај пациентите со тешкотии при голтањето, пациентите со гастрични сонди за хранење,
како и кај геријатриските пациенти. „Алкалоид“ за првпат во историјата успеа да
го развие омепразолот во патентирана течна форма, овозможувајќи нов, практичен и
ефикасен пристап во третманот кај овие чувствителни групи пациенти.

„Овој производ ја потенцира посветеноста на ’Алкалоид’
кон врвни достигнувања во сферата на фармацијата и поставува нови стандарди во генеричкото
производство на лекови, со фокус на иновацијата и пазарната диференцијација. Иновативниот
лек со додадена вредност на ’Алкалоид’ веќе отвора нови хоризонти во третманот на
ГЕРБ кај педијатриските пациенти, пред сè, во поглед на достапноста на терапијата,
што претходно не беше случај, прикажувајќи позитивни резултати во третманот на овие
чувствителни групи на пациенти и подобрувајќи го квалитетот на живот на семејствата
кои се соочуваат со ова често заболување“, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор
и Претседател на УО на „Алкалоид“.

По патентирањето во септември 2023 година, течниот Омепразол за првпат беше пуштен во употреба во февруари 2024 година на пазарите во Македонија и во Обединетото Кралство, а оваа меѓународна конференција претставуваше извонредна можност за размена на клинички искуства, како и за споделување добри практики и иновативни пристапи во педијатриската пракса. Здравствените професионалци од Македонија, Обединетото Кралство, Белгија, од Словенија, Хрватска, БиХ, Бугарија, Романија, Србија и од Косово дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат во третманот на ГЕРБ, како и за придобивките од воведувањето на оваа иновативна формулација на Омепразол,  укажувајќи на неговата ефикасност, безбедност  и на подобрената подносливост кај најмалите пациенти. 

Тим од експерти од разни области во „Алкалоид“ 6
години работеше на развојот на течниот Омепразол. Иновативниот концепт на овој лек
вклучува двокоморно шише за еднократна употреба, кое одделно содржи два раствора
– еден со висока pH и еден дилуент. Со мешање на растворите непосредно пред употребата
се добива стабилна формулација со оптимална pH-вредност, која ја заштитува активната
супстанција од деградација при контакт со желудочната киселина, овозможувајќи соодветна,
безбедна и ефикасна примена на терапијата кај педијатриските пациенти, како и кај
другите чувствителни групи на пациенти. За да се задоволат специфичните барања во
процесот на производство на овој лек, „Алкалоид“ инвестираше во наменски изработена
машина, соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи ефикасен и одржлив синџир
на негова испорака низ светот.

Омепразол растворот е достапен на пазарите во Македонија,
Велика Британија, Ирска, Романија и Хрватска. Во моментов, производот се наоѓа во
постапка за добивање на маркетиншка авторизација во повеќе други земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на

25/10/2026
Македонија

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА

25/10/2026
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46363
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на пат до 140 пратенички места

25/10/2026

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го призна поразот на неговата политичка опција на вонредните парламентарни избори одржани оваа недела, на

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА Амбасадорот Ле Риголер тврди дека

25/10/2026

Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy