
АЛКАЛОИД ОСВОЈУВА НОВИ ПАЗАРИ – производите од линијата Becutan KIDS VITS присутни и на подалечните пазари
Производите на „Алкалоид“ кои се наменети за најмладите од неодамна и на подалечните пазари. Станува збор за продукти кои се од сегментот додатоци на исхраната, и со кои компанијата го прошири своето портфолио.
Компанијата се пофали со новиот успех, со слоганот „Becutan KIDS VITS освојува нови пазари!“, информација што веќе ја споделуваат на социјалните мрежи.
– Отсега, нашиот добро познат бренд е достапен и во Монголија. Со четирите производи од сегментот додатоци на исхрана, Алкалоид го проширува своето портфолио и го зацврстува присуството на овој пазар.
Остануваме посветени да го понудиме најдоброто за најмалите! – пишува во објавата на „Алкалоид“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм