Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Алкалоид“ одбележа 45 години од постоењето на „Бекутан“
Економија

„Алкалоид“ одбележа 45 години од постоењето на „Бекутан“

14/05/2023

AA

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ денеска одбележа 45 години на еден од своите најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“.

Менаџерот на компанијата Живко Мукаетов рече дека е голема чест да се прослави голем јубилеј, а тоа е 45 години од постоењето на брендот „Бекутан“.

„Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек. Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во здрава личност. Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па се до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие. Моите родители го користеа „бекутан“, јас и мојата сестра го користиме „Бекутан“, јас и мојата сопруга го користиме овој производ. Од 1978 година, откако постои кремчето „Бекутан“, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата. Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува“, истакна Мукаетов.

Тој посочи дека со „Бекутан“ растеа и растат генерации кај нас но и во регионот и тој е бренд на кој треба да бидеме благодарни и горди.

– Ние сме многу среќни, што може да се пофалиме, дека брендот континуирано расте, потенцира Мукаетов.

Силвија Брајовиќ од СОС Детското село нагласи дека „Бекутан“ е водечки бренд за нега и грижа на малите деца и оти тоа веќе 45 години го прави најдобро.

„Токму таа грижа за децата не спои заедно со СОС Детското село. „Бекутан“ најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили. А СОС Детското село веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство. Од голема важност за нас е потрошувачите на „Бекутан“ да имаат свесност за оваа наша поврзаност којашто резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот „Бекутан“. Со оваа кампања, по повод 45 години, и самите потрошувачи се дел од нашата заедничка мисија. Сите деца се наша грижа“, истакна Брајовиќ.

Прим. д-р Марина Поп-Лазарова нагласи дека брендот „Бекутан“ асоцира на традиција, на квалитет, на безбедност, на сигурност, на ефикасност, на иновативност.

„Грижата за децата е наш заеднички фокус. И тоа грижата која почнува од најраната возраст. Секогаш кога говориме за одредени ситуации кај детето, портфолиото и производите на „Бекутан“, апсолутно ефикасно и безбедно, ни користат во надминување на разните заеднички проблеми. Заедничка цел ни е здраво дете. Здраво дете е среќно дете“, рече Поп-Лазарова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy