Алкалоид моќно го прегази Охрид и се зацврсти на третата позиција!
Охриѓани во „Автокоманда“ дојдоа со надеж дека ќе го изненадат актуелниот вицешампион, но тимот на Стевче Алушовски во ниту еден момент не беше достоен ривал за „сино-белите“ од Скопје. „Фармацевтите“ поведоа со 6-4, нешто подоцна и со 10-7, а добрите одбрани на голманот Трајкоски помогнаа домаќините уште повеќе да се одлепат и на одмор да заминат со убедливи 22-14, со што веќе беше јасно кој ќе победи.
Марко Митев и Стојковиќ со по седум гола беа најефикасни во Алкалоид, по шест имаа Дамјан Митев и Серафимов, додека Трајкоски го заврши мечот со 12 интервенции. Голманите на Охрид имаа само три одбрани на овој натпревар, а најефикасни во таборот на гостинскиот тим беа Мацуока со седум и Орјоникидзе со пет гола.
Алкалоид сега има 27 бодови, три повеќе од Охрид, а два помалку од Пелистер, кој има меч помалку, како и три помалку од моменталниот лидер Вардар.