
Алкалоид и Вардар со победи го почнаа турнирот во Охрид
Во првиот меч, Алкалоид го совлада српскиот претставник Динамо Панчево со 27-22, а имаше можност да дојде до многу поубедлив триумф. Костески со шест гола беше најефикасен во редовите на освојувачот на Купот на Македонија, но се истакна и голманот Галески кој запиша 11 одбрани.
Денешната програма ја затворија екипите на Вардар и Охрид. Поранешниот европски првак дојде до лесна победа, со 34-21 во меч во кој доминираше во текот на сите 60 минути. Охрид парираше само во првите десетина минути, а потоа Вардар ја покажа својата сила и дојде до убедлив триумф. Николиќ, Коиј и Маргели со по четири гола ги предводеа „црвено-црните“, Еспиња забележа 11 интервенции, додека Илиќ беше најефикасен кај Охрид со пет гола.
Во меѓувреме се сретнаа и Ловќен и Олимпијакос, а славеше грчкиот тим со 37-22.