
Алкалоид ги промовира четирите пролетни засилувања!
За тројцата репрезентативци веќе се пишуваше и ова е, практично, мал свечен чин на нивно ретставување. Станува збор за левиот бек Иван Џонов (25) од Пролет, пивотот Костадин Петров (30) кој дојде од исландски Тор, десниот бек од Вардар, Давид Савревски (20) и 16-годишниот Дамјан Митев, кој настапува на средната бековска позиција, а е прекомандуван од вториот тим на Алкалоид, Мулти Есенс.
Со овие играчи, Алкалоид ќе атакува на првата половина меѓу осумте екипи во плеј-оф фазата, а ќе почне со два бода, пренесени од есенската полусезона. Во првото коло игра против Тиквеш, в недела од 19 часот.