
„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА – регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ повторно со убави вести за инвеститорите, но и за целата јавност, преку ценовно чувствителна информација на Македонската берза.
Имено, компанијата планира да гради фотоволтаична централа во Гевгелја, со која ќе задовболува одф 75 до 85 отсто од сопствените потреби за електрична енергија.
За таа цел компанијата регистрираше ново капитално друштво, кое ќе биде 100 отсто во нивна сопственост, и ќе го носи името „Алкалоид енергетика“.
„АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво со назив
АЛКАЛОИД ЕНЕРГЕТИКА ДООЕЛ Скопје, со цел производство на електрична енергија.
Друштвото е во 100 отсто сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје.
Имајќи ги предвид заложбите на АЛКАЛОИД АД Скопје за намалување на јаглеродниот
отпечаток во рамките на својата ESG-стратегија и напорите за одржлив развој, овој потег е
од исклучителна важност во нивното остварување. Проектот предвидува изградба на
фотоволтаична централа лоцирана во Гевгелија, со капацитет за производство на електрична
енергија од околу 11 илјади мегават-часови на годишно ниво. Со овие капацитети ќе се
овозможи од 75 до 85 отсто од електричната енергија која се користи за производствените
капацитети на АЛКАЛОИД АД Скопје да биде од сопствени обновливи извори.
Како општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина и за здравјето
на граѓаните, АЛКАЛОИД АД Скопје придонесува за намалување на загадувањето и за
исполнување на строгите еколошки стандарди во целост.
Инвестирањето во нови производствени капацитети, современа опрема, во изработка на
квалитетни проекти, грижа за животната средина и во енергетска ефикасност останува
примарна стратешка определба на АЛКАЛОИД АД Скопје и во периодот што следува“, се вели во објавата од ова акционерско друштво преку Македонската берза.