Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI
Македонија

„Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI

27/10/2023

AA

„Алкалоид“ годинава заокружи дведецениски јубилеј како дел од најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, Шпанија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година имаше неверојатна можност да се претстави со свој штанд, од каде што недвосмислено беше пренесена најважната порака: Здравјето пред сѐ.

„Вистинско професионално задоволство е на најпрестижниот фармацевтски саем во светот да се види штанд на ’Алкалоид’ со постојано пополнети термини за состаноци и со голем број заинтересирани соработници за соработка со компанијата. Со секое следно учество на CPhl ’Алкалоид’ ги надминува очекувањата во делот на т.н. современо корпоративно претставување. Годинава за првпат имавме можност за организирање мрежен настан надвор од саемските хали. Честа која со своето присуство ни ја укажаа претставниците од врвните фармацевтски глобални играчи е од непроценлива важност за нас“, истакнаа од Одделот  Фармација при „Алкалоид“.

CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Барселона собра повеќе од 65.000 посетители и преку 1.800 изложувачи. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето тридецениско постоење прерасна во заедница која обединува преку 280.000 професионалци кои работат во глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија. Тимот на „Алкалоид“ оствари продуктивни средби и размени драгоцени искуства со голем број на фармацевтски професионалци од целиот свет.

„Вообичаено остваруваме средби со нашите постојни добавувачи на репроматеријали и на активни состојки, со нашите лиценцни партнери, консултанти и со други соработници на ’Алкалоид’, но, исто така, целиме кон нови контакти, со кои градиме вредни деловни релации. Она што јас лично можам да го кажам за CPhI е тоа дека ова е единствениот one-stop-shop во светот на фармацевтската индустрија каде што ќе најдете сѐ што постои во неа. Она што нема да го најдете на CPhI значи дека не постои. За CPhI не се потребни никакви посебни препораки, затоа што сите доаѓаат да дознаат за последните достигнувања во сферата на фармацијата и да направат нови контакти за да го растат својот бизнис“, истакна Милош Радуловиќ, постар директор во сегментот фармација при „Алкалоид“ АД Скопје.

CPhI е извонредна можност за добивање информации за најновите достигнувања од областа на фармацијата, за да се одржи чекор со динамичните трендови во фармацевтската индустрија. Тој има пракса на ротирање, па во последниве години се одржуваше во Брисел, Милано, Мадрид, во Париз, Барселона и во Франкфурт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy