Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алиу: Здравството на 21-от век се гради со податоци, а не само со ѕидови и апарати
Македонија

Алиу: Здравството на 21-от век се гради со податоци, а не само со ѕидови и апарати

08/11/2025

AA

„Здравствениот систем на 21-от век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството “, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 202, кој денес и утре се одржува во Скопје во организација на Комората на приватно здравство на Македонија.

Министерот Алиу истакна дека преку дигитализацијата се поставува основата на здравство кое учи, анализира и реагира навреме, односно на здравствен систем кој не чека да се појави проблем, туку ги предвидува и спречува проблемите.  

„Настаните од овој вид значат многу повеќе од една заедничка средба меѓу професионалци и државни институции. Значи дека податоците ќе треба да се движат заедно со пациентот, а не пациентот со податоците и ние ќе работиме во оваа насока. Лекарите ќе имаат целосно точна и моментална инфраструктура на здравствената историја на секој пациент, а пациентот ќе има контрола, увид и сигурност, односно ќе ги следи сите здравствени податоци за себе“, рече министерот Алиу и додаде дека станува збор за нов модел по кој што работи целито свет за креирање на здравствена инфраструктура која што делува, а не што е реактивна. 

Министерот Алиу појасни дека дигитализацијата реално не е услуга, туку дека е темел кој што овозможува здравството да биде еднакво и достоинствено достапно за секој граѓанин во државата.

„Технологиите се грижат не само за пациентите, туку и за здравствените работници, обезбедуваат можност за телемедицина која што е консултативна, која што е добра база и патоказ за здравство во секој наш дом. Пациентите со хронични заболувања може да се следат во реално време преку дигитална инфраструктура во здравствениот систем“, рече министерот Алиу.

Во своето обраќање министерот Алиу истакна дека користењето на дигиталните протоколи, вештачката интелигенција и алгоритмите поврзани со здравствениот систем овозможуваат откривање на рани здравствени ризици.

„Со дигитализацијата ќе имаме помалку чекање на пациентите, помалку непотребни хоспитализации, повеќе грижа и достоинство за нив. Затоа работиме на дигитална трансформација на здравството, за да имаме стандардизација како држава, дисциплина и професионализам како здравствени работници, како и обврска да служиме чесно и навремено за нашите пациенти“, рече министерот за здравство, Азир Алиу на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 2025, притоа порачувајќи дека ќе се продолжи со интеграција на сите здравствени установи и сервиси во државата, како и обезбедување на  едно национално електронско досие за секој граѓанин.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy