Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алиу: Можно воведување токсиколошки тестови за здравствените работници
Македонија

Алиу: Можно воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

14/10/2025

AA

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници, откако во јавноста се појави видео-снимка со сега поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски.

Алиу појасни дека во рамки на Министерството функционираат 12 работни групи кои работат на усогласување и измена на законите поврзани со здравствениот систем, со цел да се избегнат колизии меѓу одредбите.

„Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде вметнат и тој член“, изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за потенцијалното воведување токсиколошки тестови.

Во однос на можните санкции за слични случаи, Алиу посочи дека тоа ќе биде предмет на работа на правниците кои ги подготвуваат законските решенија, додавајќи дека „во вакви ситуации постојат индикатори, и доколку се отстапува од нив, мора да се предвидат соодветни мерки и санкции“.

По објавувањето на видеото, на кое Кузмановски се гледа во домашна атмосфера како меша бела прашкаста материја и зборува за неа со асоцијација на кокаин, Министерството за здравство веднаш го разреши од функцијата директор на Клиниката за неврологија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
Македонија

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ

24/01/2026
Македонија

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност

24/01/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
Македонија

ЗА САМО 2 ДЕНА ГРАЃАНИТЕ ГО СМИРИЛЕ СВОЕТО ВОЗЕЊЕ Топаловски

24/01/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата што доцни е неправда

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40582
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ ШТО СЕДАТ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА

24/01/2026

Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три лица повредени

24/01/2026

На 23.01.2026 година во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, кај

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се промениме!

24/01/2026

Славјанка Петровска, поранешна министерка и истакнат член на СДСМ, на денешниот 31. Конгрес на партијата упати силни пораки за итна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy