Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алиу: Мерит систем со јасни индикатори за вработување и напредување во јавниот сектор
Македонија

Алиу: Мерит систем со јасни индикатори за вработување и напредување во јавниот сектор

24/04/2023

AA

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу верува дека со законските решенија на кои се работи ќе се надмине проблемот со вработувања по партиски и национален клуч во државава, како и злоупотребите во системот за добивање работно место.

На брифинг со медиумите Алиу денеска порача дека мора да има јасни индикатори во системот на квалификации, знаење и заслуги (МЕРИТ) за вработување и напредување во јавната администрација.

– Верувам дека решението ќе произлезе од законите, а едно од нив е мерит системот за вработување и напредување во јавниот сектор. Мора да има јасни индикатори во кои со бројки ќе се определат работите и на крај системот да селектира кој е најдобар кандидат, посочи Алиу.

Доволно ни е, вели тој, од кадар што се вработува по националност или друга основа.

– Имаше решение во кое требаше да имаме процентуална застапеност и ние, зборувам и политички, и како партија Алијанса за Албанците во која сум дел, сакаме решение во коешто овие злоупотреби ќе се намалат. Еден ден сите ќе страдаат од несоодветниот кадар, мора да се бориме против тоа и се води дискусија каков тип на решение ќе се понуди, рече министерот.

Прашан како МИОА ќе го спроведе „балансерот“ при вработувањата во администрацијата со оглед на реакциите во јавноста за пресметките на процентите на националностите од неговиот претходник, повтори дека решението мора да биде законско.

– Решение на овој предизвик ќе мора да биде законско, заради две работи, првин заради тоа што „балансерот“ е само една алатка во којашто се даваат влезни параметри и дава излез, а втората работа е дека мора на ниво на закон да го решиме тој проблем, јас ќе работам на тоа, ќе работиме и како Влада за да најдеме начин како тоа да се реши, рече Алиу.

Како дел од реформите на јавната администрација во тек се активности за носење на повеќе закони, за плати во јавниот сектор со којшто треба да се најде системско решение за платите во овој сектор, за административни службеници со којшто во процесите за вработување ќе се применува мерит системот, но со јасни индикатори, за вработени во јавниот сектор, со кој ќе се уреди ангажманот на кабинетските службеници и актите за систематизација. Треба да се донесат и законот за органи на државна управа, што е поврзан со пристапот до средства од ИПАРД 3, како и измените на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, за кои рокот е 31 мај, а во спротивно нема да можеме да ги користиме фондовите од Креативна Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy