
Алиоски доби уште една ѕвезда за соиграч во Ал Ахли
Ал Ахли создава сериозен тим, треба да биде еден од главните кандидати за врвот во лигата на Саудиска Арабија доколку се суди по засилувањата кои ги донесоа.
Последно засилување им е Алан Сент Максиман од Њукасл, кој стави потпис на договор до 2026. Трансферот наскоро ќе биде и официјално потврден.
Алиоски покрај Сент Максиман во тимот од ова лето како соиграчи ги има Боби Фимино, Ријад Марез и голманот Менди.
