
Али: Постои основано сомнение дека пожарот во Желино е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат
Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али.
„Заедно со градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу сме заедно на лице место каде ги координираме активностите за справување со пожарот, а на терен активно дејствуваат:
1 армиски хеликоптер
1 полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ
2 теренски возила пинцгауер
1 хермелин
30 припадници на Армијата
Екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита
Пожарникари од ТППЕ Тетово.
Во 16:00 часот ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС за воздушна поддршка.
Надлежните служби со полна сила работат на локализација на пожарот и спречување на негово ширење.
Постои основано сомнение дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат“, вели Мухамед.
