
Александар Трајановски влегува во трката за градоначалник на Скопје!
Александар Трајановски објави дека официјално ја прифаќа кандидатурата за градоначалник на Скопје, поддржан од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.
„Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата,“ порача Трајановски, нагласувајќи дека неговото долгогодишно искуство во Советот на Град Скопје го подготвило за оваа улога.
Тој потсети дека во изминатите осум години иницирал бројни проекти и предлози, учествувал на обуки и семинари за локална самоуправа и остварил контакти со градоначалници од повеќе од 30 европски градови.
Особено значајна, како што истакна, е поддршката од Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Скопје, кој ќе биде носител на советничката листа. „Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град,“ рече Трајановски.
Во програмските приоритети на Трајановски се вклучени:
„Заедно можеме да изградиме Скопје какво што заслужуваме – модерен, функционален и жив град за сите нас,“ порача Трајановски во својата објава.