
Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување
Потпишана е Декларацијата за обединување на албанските опозициски сили.
Потписи ставија лидерите на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП) Изет Меџити на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива, Биљал Касами на Движењето Беса и Беким Ќоку.
Во неа се истакнува дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава.
Кандидат на четирите партии за претседателските избори ќе биде Таравари.