Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛБАНИЈА СЕ СООЧУВА СО ЕГЗОДУС: Во кои земји бега населението?
Регион

АЛБАНИЈА СЕ СООЧУВА СО ЕГЗОДУС: Во кои земји бега населението?

27/08/2024

AA

Во Албанија продолжува масовна емиграција поради ниските плати и корупцијата.

Албанија продолжува да се соочува со масовен егзодус на населението во поразвиените земји. Таа заедно со Молдавија е меѓу земјите со највисоко ниво на имиграција.

Проблемот го посочува Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во глобалниот извештај за 2024 година, во кој се наведува дека „главно, поради недостатокот на перспективи за вработување со пристојни плати, многу луѓе заминаа да работат во Западна и Северна Европа“.

И според објавените податоци на Европскиот институт за статистика, Албанија има највисоко ниво на емиграција. Во периодот од 2014 до 2024 година, само преку легална емиграција, од Албанија заминале повеќе од 478.000 граѓани. Но, реалниот број на оние кои ја напуштиле земјата е многу повисок, ако се земе предвид илегалната имиграција.

Најпосакувана дестинација и понатаму е Германија, по што следуваат Франција, Италија и Велика Британија.

„Земјите како Албанија и Република Молдавија се едни од најтешко погодените. Околу 40 отсто од албанската работна сила, на пример, се проценува дека работи во странство, што придонесува за одлив на мозоци, вршејќи притисок врз локалните индустрии и економии кои постојано губат работници, како нискоквалификуван, така и високообразовен кадар“, вели ИОМ.

Меѓународната организација за миграција како причини ги наведува високата стапка на сиромаштија, разликите во платите меѓу Албанија и другите земји во регионот, значителната корупција и клиентелизмот, кои влијаеле врз одлуките на луѓето да ја напуштат земјата.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy