
АЛБАНИЈА СЕ ПРАЗНИ: Си заминале најмалку половина милион луѓе
За десет години Албанија ја напуштиле најмалку пола милион граѓани.
Во периодот од 2014 до 2024 година, само преку легална емиграција, од Албанија заминале над 478 илјади граѓани. Но, реалниот број на оние кои ја напуштиле земјата е многу повисок, ако се земе предвид илегалната имиграција, објави весникот „Тема“.
Aко ги гледаме податоците на Европскиот институт за статистика, Албанија има највисоко ниво на имиграција во регионот, додека земја со најниско ниво е Црна Гора.
Бројот на населението се намалува, тоа предизвикува недостиг на работна сила на пазарот на трудот, ја намалува потрошувачката и продуктивноста на економијата.
foto freepik.com

