Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛБАНИЈА ГРАДИ НОВО ПРИСТАНИШТЕ: Карго терминалот во Драч ќе се поврзува со железница со интермодалниот терминал во Струга
Регион

АЛБАНИЈА ГРАДИ НОВО ПРИСТАНИШТЕ: Карго терминалот во Драч ќе се поврзува со железница со интермодалниот терминал во Струга

15/01/2024

AA

Капетанијата на пристаништата на Драч во северна Албанија
објави дека ќе отвори тендер за изградба на нов товарен терминал во своето
најголемо пристаниште, Драч, во првиот квартал од 2024 година.

Првата фаза од проектот доби градежна дозвола по успешното
завршување на извршното проектирање на новиот објект, соопштија од управата на
пристаништето Драч.

Деталниот проект е подготвен од конзорциум составен од
холандската инженерска фирма Royal Haskoning DHV и албанската консултантска
фирма Abkons, соопшти претходно Владата на Албанија, пренесува порталот
Investor.

Во првите три месеци од 2024 година ќе биде отворен
меѓународен тендер за изградба на новото пристаниште Порто Романо. По
завршувањето на главниот проект и добивањето на развојна дозвола за 1 фаза од
изградбата, ќе се одржи панел-консултација со претставници на НАТО во врска со
изградбата на поморската база, која е составен дел на овој стратешки проект.

Новото пристаниште ќе се гради во областа Порто Романо во
северозападниот дел на Драч. Постоечкото пристаниште во јужниот дел на градот
ќе се трансформира во нов туристичко-станбен проект со марина вредна 2
милијарди евра, а главен инвеститор е компанијата Емаар со седиште во
Обединетите Арапски Емирати.

Рокот за завршување на изградбата е 5 години. Планирано е и
поврзување на пристаништето Порто Романо со интермодалниот терминал во Приштина
и интермодалниот терминал во Струга во Северна Македонија со железница.

Ова го потврди министерката за инфраструктура и енергетика
на Албанија, Белинда Балуку, која изјави дека заедно со проширувањето на
капацитетот на пристаништето во Драч, се подготвува и проширувањето на
постоечкиот брз пат Тирана – Драч (SH2) со изградба на лента за застанување со
минимални трошоци за експропријација на земјиштето, изградба на обиколница
околу Тирана, која би ја надградила до стандардот за автопат, како и нова пруга
до Приштина.

ФОТО: EPA PHOTO ANSA/FILIPPO MONTEFORTE

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy