
Алба издржа две четвртини, па се распадна против Олимпијакос
Алба Берлин одлично се држеше во првото полувреме, па дури имаше и водство на паузата од 43-40, меѓутоа Олимпијакос го засили темпото во вториот дел и славеше со 94-67.
Питерс беше најефикасен кај Олимпијакос со 23 поени, седум скокови и една асистенција, додека Томас постигна 15 поени за Алба.
