
Алавес во 99. минута ѝ откина два бода на Жирона, Барса може да се врати на второто место!
Жирона во минатото коло ја помина Барселона откако ја совлада и целта беше да ја задржи втората позиција, но веќе работата не зависи од нив.
Гостите добро го почнаа мечот, Жирона поведе уште во четвртата минута со гол на Гарсија, но веќе ов 12. минута Алавес изедначи преку Гуриди на 1-1.
Пред крајот на првиот дел Довбик асистираше со пета, а Ерара погоди за водство на Жирона од 2-1.
Алавес буквално во последниот напад, во 99. минута од натпреварот со втор гол на Гуриди се спаси од пораз за конечни 2-2.
Барселона во понеделник игра со Реал Сосиедад и ако победи ќе се врати на второто место на табелата во Ла Лига.
