
Алавес не преживеа во Мадрид: Шести триумф по ред за Атлетико (ВИДЕО)
Головите за Атлетико ги постигнаа Рикелме и Мората во првото полувреме, по што гостите се обидуваа да се вратат резултатски во натпреварот, а единствениот гол го постигнаа дури во 97. минута преку Гевара.
Екипата на Диего Симеоне има 25 бодови на третата позиција, но и одиграно еден меч помалку од Жирона и Реал Мадрид кои се на делба на првата позиција со 28 бода.
