Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛАРМАНТНО:Некогаш моќна земја,денес тоне
Економија

АЛАРМАНТНО:Некогаш моќна земја,денес тоне

29/06/2023

AA

Германската држава никогаш немала толку високо ниво на долг: во првиот квартал порасна за 1,6 отсто, на повеќе од 2.406 милијарди евра.

Борбата против енергетската криза, како и последиците од војната во Украина, играат голема улога овде.

Долгот во вкупниот јавен буџет во Германија достигна рекордно ниво на крајот на првиот квартал од оваа година. Според Федералниот завод за статистика, главната причина се пред се зголемените расходи во борбата против енергетската криза.

Вкупниот државен долг на федерално, провинциско и општинско ниво, вклучувајќи го и долгот за социјално осигурување, на 31 март изнесуваше околу . Споредено со крајот на 2022 година, ова е зголемување од 1,6 отсто или околу 39 милијарди евра.

Само долгот на сојузната држава во првите три месеци од годинава е зголемен за 2,4 отсто на околу 1.660 милијарди евра. Федералното биро за статистика соопшти дека зголемувањето на долгот првенствено се должи на „зголемените потреби за финансирање како резултат на актуелната енергетска криза поврзана со руската агресивна војна против Украина“.

Милијарди за кочење на цените на бензинот

Околу 200 милијарди евра се резервирани за т.н кочница на цените на бензинот и финансиска поддршка за снабдувачите со енергија. Зголемувањето на долгот затоа најмногу е резултат на дополнителни буџети создадени за таа цел, т.н посебен имот.

Во ноември минатата година беше формиран Фондот за енергетска економска стабилизација. Само тој посебен фонд во првите три месеци од оваа година доведе до зголемување на јавниот долг за 73 отсто – за 22 милијарди евра, на вкупно 52 милијарди евра, пренесе агенцијата Ројтерс. Дополнително, долгот за ублажување на последиците од пандемијата се зголеми за 53 милијарди, а беше формиран посебен фонд со расходи од 802 милиони евра за потребите на армијата на германскиот Бундесвер.

Најголем пад на долгови во Баварија

Кога станува збор за покраините, забележано е мало намалување на долгот за 0,5 отсто, на вкупно 604 милијарди евра. Најмногу ги намалила задолжувањата Баварија, за 16,8 отсто, односно на околу 32,45 милиони евра. Северна Рајна Вестфалија има најголем долг – но и најмногу жители. Зголемување има за околу три проценти, на вкупно 236 милиони евра.

Во просек тоа значи дека долгот по жител на Германија е 13.065 евра.

Наспроти развојот во покраините, се зголеми долгот на општините. Таму е забележан раст од 1,9 отсто, на 143 милијарди евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy