
АЛАРМ ЗА НЕВРЕМЕ: Можни поројни поплави, подгответе се за силни врнежи
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно хидролошко предупредување за вечерните часови и претстојниот ден (15.02.2026), најавувајќи обилни врнежи кои можат да предизвикаат нагло зголемување на нивото на реките.
Според мапата на хидроалармот, северозападниот дел од земјата е во фаза на потенцијална опасност. Најкритична е состојбата околу масивот на Шар Планина, каде се очекуваат најинтензивни врнежи.
Поради веќе заситената почва со влага и високите подземни води, постои сериозен ризик од брзи зголемувања на водостојот на помалите реки и суводолици. Сливовите во овој регион имаат стрмни падови, што ги прави подложни на ненадејни поројни поплави.
Се препорачува крајно внимателно движење покрај речните корита и суводолиците, особено во следните општини:
Опасноста не е ограничена само на шарскиот регион; зголемување на водостојот се очекува и на останатите реки во целиот западен дел на Македонија.
Важно: Следете ги редовно известувањата на УХМР и избегнувајте престој во близина на водотеци кои доаѓаат од планинските масиви додека трае невремето.

