Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛАРМ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Над 150 Македонци побарале помош за евакуација
Македонија

АЛАРМ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Над 150 Македонци побарале помош за евакуација

01/03/2026

AA

Бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во загрозените подрачја на Блискиот Исток и бараат асистенција за безбедно враќање дома нагло расте. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) соопшти дека до овој момент повеќе од 150 наши граѓани веќе стапиле во контакт со дипломатските претставништва во регионот.

Од Министерството уверуваат дека со сите пријавени лица се одржува редовна комуникација. Во тек се подготвителни активности за нивна евентуална евакуација, во зависност од развојот на воената и безбедносната состојба на теренот.

„Амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби се целосно мобилизирани. Ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во овој регион доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи“, апелираат од МНРНТ.

Поради сериозноста на ситуацијата, од вчера во рамките на Министерството функционира посебен кризен штаб. Ова тело е задолжено за координација на сите постапки поврзани со заштита на нашите државјани и е на располагање 24 часа дневно.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Давкова: Нема закана за безбедноста, институциите координирано ја следат состојбата

01/03/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЧЕН ДЕН Магла можна во утринските часови

01/03/2026
Македонија

Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да се грижиме, имаме

01/03/2026
Македонија

Македонија со поддршка за Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Кувајт, Бахреин

01/03/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА ДОБИ МОДЕРНА ОБИКОЛНИЦА Мицкоски најави нов инвестициски бран

01/03/2026
Македонија

АЛАРМ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Над 150 Македонци побарале помош за

01/03/2026
Македонија

ОСУДА НА НАПАДИТЕ И ПОВИК ЗА МИР Муцунски во разговор

01/03/2026
Македонија

СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА, МАЛОЛЕТНИК САКАЛ ДА СЕ САМОУБИЕ Загрижувачка објава го

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Давкова: Нема закана за безбедноста, институциите координирано ја следат состојбата

01/03/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Совет за безбедност на прес конференција изјави дека државата не е изложена на нестабилност.

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЧЕН ДЕН Магла можна во утринските часови

01/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да се грижиме, имаме систем за рано предупредување, имаме

01/03/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по итно свиканата седница на Советот за безбедност упати порака до јавноста дека македонските безбедносни институции будно

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy