Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛАРМ ИЛИ ПРИВРЕМЕН ТРЕНД: ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД РАСТЕ БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ, НОВИ 4.000 – ќе донесе ли спас мерката на Отворен Балкан
Економија

АЛАРМ ИЛИ ПРИВРЕМЕН ТРЕНД: ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД РАСТЕ БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ, НОВИ 4.000 – ќе донесе ли спас мерката на Отворен Балкан

20/03/2024

AA

Трет месец по ред расте бројот на невработени
граѓани во земјава, регистрирани од Агенцијата за вработување, каде што се
пријавуваат барателите на работа.

Имено, Агенцијата за вработување ги објави и
бројките за февруари, кои говорат дека тоа е веќе трети месец во кој не запира
трендот на зголемување на бројот на невработени во земјава.

Па така, по подолг период на континуирано
намалување на бројот на невработени во земјава, декември минатата година беше
првиот месец во кој таа бројка се зголеми, и тоа значително, за околу три
илјади лица.  

Како што е познато, претходно долг период наназад и бројката и стапката на невработени се
намалуваше, а голем број од македонските компании и работодавачи панично
нагласуваа дека им недостигаат работници, поради што се иницираше и увоз на
работна сила од странство, на пример од Филипините и од други држави од каде што таа
можеше да се обезбеди.

Тогаш го поставивме прашањето дали
станува збор за привремено и моментално изместување на пазарот или за некој
тренд кој би можел да продолжи и во иднина.

Само за
илустрација, декември минатата година земјава го заврши со 105.452 лица кои се
пријавиле како баратели на работа.

Во јануари годинава имаме нов пораст на таа
бројка, и тоа 105.803 невработени, што значи дека во јануари има нови 351 лице
кои чекаат на листата на Агенцијата за да најдат работа. Тоа исто така не е
драматичен пораст, но веќе е втор месец во кој невработеноста оди по нагорна
линија.

А, за состојбата на пазарот на трудот да се
смета како уште понепријатна, во февруари продолжува
трендот на зголемување на бројот на невработени, па тој се искачил на 106.618 лица, што
значи дека веќе во вториот месец од годинава имаме нови 815 невработени.

Или, за само два месеци нови 1.166
невработени, кои додадени на оние 2.708 во декември, веќе чинат бројка од 3.874
лица, или близу 4.000 за три месеци.

А, она што не е тајна е дека секој пораст на невработените лица, за
нив создава понеповолни услови кај работодавачите, бидејќи се зголемува
понудата на работна сила.

Останува да се види
што ќе им донесе на невработените март, за кој месец сеуште не се објавени
податоци од Агенцијата за вработување.

Надежта е во новината
која стартуваше во март, а која е поврзана со отворен Балкан, и која секако
дека е на страната на работничката класа од трите земји, а со која граѓаните од земјава, Србија и Албанија добија слободен пристап до
пазарот на трудот во овие три земји, откако се потпишаа Протоколите за
Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан.

Оваа мерка, како што е познато, стартуваше на
5 март, и со неа, за да добијат дозволи за
работа и престој, граѓаните на Србија, Македонија и Албанија повеќе не мора да
губат време одејќи во институциите, како што се МВР и Канцеларијата за
вработување, туку целиот процес се одвива електронски, а на крајот се добива потврда врз основа на која може да
се бара работа.

Според податоците на македонската Влада,
досега се издадени вкупно
2.000 сертификати (идентификациски броеви) во сите земји, како што тие одговориле
на прашањето на РСЕ.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy